Проектни цели

Сеопфатна цел

Да се придонесе во меѓу-културната соработка помеѓу младите од Македонија и Албанија преку разбирање и ценење на културните разлики и традиции со посредство на ИКТ базирани активности за соработка.

Специфични цели

  • Да се оспособат младите и младинските лидери од Македонија и Албанија да ги споделуваат своите идеи, знаења и искуства за разбирање и ценење на културните разлики и традиции;
  • Да се соберат информации, создадат дигитални содржини, и споделат информации за локалните традиционални народни носии, песни, инструменти и локални традиции/обичаи од Македонија и Албанија;
  • Да се придонесе во протекот на релевантни и веродостојни информации со користење на информационите структури;
  • Да се придонесе во јакнење на дијалогот преку размена на културни практики, идеи, материјали, содржини;
  • Да се споделат резултатите и презентира гласот на младите луѓе преку развивање на ИКТ и веб базирани содржини;
  • Да се приберат и публикуваат на Интернет настани и активности од регионот кои се во врска со оваа иницијатива;
  • Да се воспостави мрежа од млади и едукатори од Македонија и Албанија која ќе ги негуваат вредностите здобиени во проектот и ќе ги пренесат во пошироката заедница.